| четврток, 6 декември 2018 |

Радишани ќе добие нова детска градинка

dime-500
Во дворот на градинката „11 Октомври“ во населба Радишани денеска беше поставен камен-темелник на нова градинка. Новата градинка ќе биде со капацитет од 120 деца и ќе се простира на површина од околу 500 метри квадратни.
Објектот ќе содржи пет занимални со санитарии за деца, кујна со магацин, санитарии и директен надворешен пристап, како и административна канцеларија со санитарии за воспитувачите.

Министерот за труд и за социјална политика Диме Спасов на денешниот свечен најави дека градинката треба да биде завршена за 6 месеци.

-Станува збор за сериозна инвестиција и од страна на општина Бутел и од страна на Министерството за труд и социјална политика. Општината ќе учествува комплетно во изградбата на новиот објект, додека пак Министерството ја превзема обврската целосно да го опреми со нова опрема објектот откако ќе се изгради – истакна Спасов.
500000000000000

Тој најави дека и во летниот период како министерството ќе продолжат со низа активности во градот Скопје и во околните општини за отварање на нови детски градиники.

-Веќе започнавме со изградба на нов објект во Кисела Вода и во населба Илинден, набрзо очекуваме да започнеме и во Петровец и во Ѓорче Петров и во општина Аеродром. Додека, пак, во текот на овој месец ќе бидат отворенинајмалку три нови градинки , што е значителен придонес од страна на Министерството за труд и за социјална политика и Владата на Р. Македонија во зголемување на капацитетите за згрижување и деца од предучилишна возраст – истакна Спасов.
radisani-500000

Спасов потенцираше дека и понатаму прироритет на министерствот ќе биде отварање на нови детски градиники во сите градови во Р. Македонија.

Изведувач на градежните работи е „Мега скоп“ од Скопје. Од општина Бутел се обезбедени средствата во висина од 11.000.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top