| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓанка узурпирала државно земјиште

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против В.К.В. (44) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „узурпација на недвижности“.

policija-2

 

СВР Охрид соопшти дека пријавената, од почетокот на годинава, со незаконски дејствија узурпирала 599 метри квадратни недвижен имот­земјиште сопственост на Република Македонија.

– Тоа го направила со намера за владение на недвижниот државен имот лоциран покрај магистралниот пат Охрид­-Ќафасан веднаш до нејзината парцела, а со цел да го употреби за лична корист. В.К.В. на узурпираното државно земјиште најнапред поставила ограда, а потоа со насипување песок овозможила пристап од магистралниот пат до целокупниот имот по што започнала да го изнајмува како паркинг простор, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top