| четврток, 6 декември 2018 |

Бек­стеј­џот на „Бек­стејџ“

На­ско­ро се­дум го­ди­ни од естрад­ни­от ма­га­зин

Же­ни­те се по­до­бри ра­бот­ни­ци, по­вред­ни, по­ис­пол­ни­тел­ни и да­ле­ку по­ло­јал­ни. Ду­ри и во ПМС, сме­та уред­нич­ка­та на нај­ус­пеш­ни­от ма­ке­дон­ски естра­ден ма­га­зин „Бек­стејџ“.

За Ју­ли­ја Цве­тков­ска ра­бо­те­ње­то со еки­па со­ста­ве­на са­мо од но­ви­нар­ки и во­ди­тел­ки е при­ви­ле­ги­ја.

Не де­ка имам за­бе­ле­шки на ма­шки­от дел од „Бек­стејџ“, ама ед­но­став­но со же­ни по­лес­но и по­бр­зо се раз­би­рам. Без да се на­лу­ти кој би­ло, 100 про­цен­ти сто­јам зад тоа – ве­ли Цве­тков­ска.

Имај­ќи пред­вид де­ка „Бек­стејџ“ е единс­тве­на­та еми­си­ја од та­ков вид ко­ја тол­ку дол­го оп­сто­ју­ва на ма­ке­дон­ски­те те­ле­ви­зии, не­сом­не­но е де­ка оваа жен­ска ком­би­на­ци­ја е ви­стин­ска­та.

Де­вој­ки­те што се­којд­нев­но ги но­сат нај­но­ви­те ин­фор­ма­ции по­вр­за­ни со на­ша­та ма­ла естра­да, се бо­рат со крај­ни ро­ко­ви, не­пред­ви­де­ни си­ту­а­ции, че­сто и со „су­ша“ на му­зич­ка­та сце­на, не се­ко­гаш рас­по­ло­же­ни со­го­вор­ни­ци… Но, се­пак, но­ви­нар­ки­те Ма­ри­ја Пе­тров­ска, Га­бри­е­ла До­дев­ска, Еми­ли­ја Бун­те­ска и Еле­о­но­ра Ма­ли­нов­ска се­кој ден во 20.15 ча­сот на МТВ има­ат пол­ни 15 ми­ну­ти под­го­тве­ни за нив­на­та пуб­ли­ка. Во­ди­тел­ки­те Миа Ко­сто­ва, а од не­о­дам­на и Мар­ти­на Ми­хај­лов­ска, од сту­ди­о­то на „Бек­стејџ“ ги прет­ста­ву­ва­ат тие ве­сти, а во це­ла­та оваа „жен­ска бе­ља“ ти­мот го за­о­кру­жу­ва­ат и единс­тве­ни­те ма­шки прет­став­ни­ци – Ри­сто Ду­шков­ски, за­дол­жен за мон­та­жа, и Де­јан Дој­чи­нов­ски, ка­ко сни­ма­тел.

Сит­но бро­еј­ќи до нив­ни­от сед­ми ро­ден­ден, бек­стеј­џот на „Бек­стејџ“ ве­ли низ го­ди­ни­те со­зре­ва­ат за­ед­но со нив­на­та еми­си­ја.

– „Бек­стејџ“ се ме­ну­ва­ше исто ка­ко што се ме­ну­ва ед­но се­мејс­тво. Поч­нав­ме скром­но, ама ам­би­ци­оз­но, а де­нес, по се­дум го­ди­ни, ам­би­ци­оз­но, ама хра­бро и без от­стап­ки. Скром­но­ста ја за­бо­ра­вив­ме не­ка­де по пат – ве­ли Цве­тков­ска.

Ка­ко не­кој кој од по­че­то­кот на про­е­ктот е во ре­до­ви­те на „Бек­стејџ“, Ма­ри­ја Пе­тров­ска ве­ли де­ка ко­га на 8 октом­ври 2008 го­ди­на нај­ав­на­та шпи­ца на „Бек­стејџ“ прв­пат одѕ­во­ни­ла во ма­ке­дон­ски­от етер, би­ло јас­но де­ка се на до­бар пат. Се­дум го­ди­ни по­доц­на „Бек­стејџ“ се раз­ви во ви­стин­ски су­пер­бренд.

beksejdz-3

Не ве­лам не, има­ше гре­шки, по­де­ми и па­до­ви, не ги не­ги­рав­ме, на­про­тив учев­ме од сопс­тве­но­то искус­тво, се­кој ден, пред очи­те на це­ла­та јав­ност. Се­га на ко­ле­ги­ум сме мно­гу по­ве­ќе, мо­же­би не тол­ку мла­ди ка­ко пред се­дум го­ди­ни, но сѐ уште по­дед­на­кво ам­би­ци­оз­ни – ве­ли Пе­тров­ска.

За Еми­ли­ја Бун­те­ска „Бек­стејџ“ се­којд­нев­но рас­те за­ед­но со рас­те­ње­то на се­кој член од еки­па­та ка­ко чо­век и про­фе­си­о­на­лец, на свој на­чин.

Де­нес е про­ект со се­ри­оз­на исто­ри­ја и пе­чат во ете­рот, а со се­бе но­си фан­та­стич­на до­за искус­тво – ве­ли таа.

Тоа што ка­ко но­ви­нар ѝ се до­па­ѓа на Га­бри­е­ла До­дев­ска е што из­ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни по­ве­ќе вни­ма­ние се по­све­ту­ва на кул­тур­ни слу­чу­ва­ња и те­ми од се­којд­не­ви­е­то кои мо­жат да до­прат до се­ко­го.

Има­ше естра­да, ана­ли­зи, при­каз­ни и ин­терв­јуа со јав­ни лич­но­сти за кои уред­ни­кот и но­ви­нар­ски­от тим сме­таа де­ка зас­лу­жу­ва­ат ми­ну­ти во „Бек­стејџ“ – сме­та До­дев­ска.

Пуб­ли­ка­та не мо­же да си за­мис­ли кол­ку е те­шко се­кој ден да се има­ат по не­кол­ку сни­ме­ни при­ло­зи и се­ко­гаш да се све­жи, ин­те­рес­ни и акту­ел­ни, осо­бе­но во Ма­ке­до­ни­ја ка­де што на­ста­ни­те и ѕвез­ди­те се во мал број. Но, за нив, тоа е уба­ви­на­та во ра­бо­та­та.

Се­којд­нев­ни­от ха­ос е ин­те­ре­сен, но по­не­ко­гаш знае да би­де нер­во­зен. По­сто­ја­но се за­ка­жу­ва­ат сни­ма­ња, се оди на те­рен, се мон­ти­ра. Тоа, ед­но­став­но, е ру­ти­на. Но, има и уба­ви­на во тоа – ве­ли До­дев­ска.

За Бун­тев­ска не­ко­гаш не­до­сти­гот од по­вод до­да­ва кре­а­тив­ност.

Не­ко­гаш, ко­га ти се чи­ни де­ка на­о­ко­лу не­ма ни­што, ве­ро­јат­но го „впрег­ну­ваш“ мо­зо­кот ба­рем двој­но по­ве­ќе од ина­ку за да нај­деш не­што ин­те­рес­но. То­гаш ре­зул­та­тот знае да би­де иск­лу­чи­тел­но ори­ги­на­лен – ве­ли Бун­те­ска.

Цве­тков­ска ве­ли кол­ку е те­шко или лес­но су­дат лу­ѓе­то од стра­на.

Нам ова ни е се­којд­не­вие и опис на ра­бот­но­то ме­сто. Што зна­чи де­ка, ка­ко што на вра­бо­те­ни­те во бан­ка на крај од ра­бот­но­то вре­ме им е пре­ку гла­ва од број­ки, нам на крај од ра­бот­но­то вре­ме ни е пре­ку гла­ва од лу­ѓе и од ин­фор­ма­ции. Екск­лу­зи­ва или скан­дал. Но­ви пес­ни или ви­де­ос­по­то­ви. Та­па естра­да или се­којд­нев­ни слу­чу­ва­ња. Со ед­на единс­тве­на раз­ли­ка. Си­те зна­ат во кол­ку ча­сот се за­тво­ра бан­ка­та. Ни­кој не знае ко­га ќе за­вр­ши на­ши­от ра­бо­тен ден. Ви­ди, во пра­во си, те­шко би­ло – ве­ли Цве­тков­ска.

Уре­ду­вач­ка­та по­ли­ти­ка на „Бек­стејџ“, ве­ли Пе­тров­ска, се­ко­гаш би­ла та­ква да еми­ту­ва­ат иск­лу­чи­во со­др­жи­ни кои тие ги сни­ми­ле и под­го­тви­ле.

Го­ле­ми­те европ­ски му­зич­ки фе­сти­ва­ли, ка­ко „Ег­зит“, „Си­гет“, „Евро­ви­зи­ја“, Кан­ски­от и Бер­лин­ски­от филм­ски фе­сти­вал, ка­ко и ре­пор­та­жи­те од САД, Ка­тар и од европ­ски­те ме­тро­по­ли не се лу­ксуз, ту­ку ре­ал­на по­тре­ба да по­пол­ни­ме се­којд­нев­на еми­си­ја – ве­ли таа.

Со це­ло­то искус­тво, Пе­тров­ска сме­та де­ка нај­лес­но се со­ра­бо­ту­ва со тие што се го­ле­ми ѕвез­ди, ама на­ви­сти­на го­ле­ми.

Ќе зву­чи ка­ко кли­ше, ама тие на­ви­сти­на се нај­ед­но­став­ни. А, оние што се го­ле­ми са­мо во сопс­тве­ни­от круг при­ја­те­ли, е со нив ма­ка ма­чи­ме – ве­ли таа.

И за Цве­тков­ска ва­жи ста­ро­то не­пи­ша­но пра­ви­ло.

Не­ма по­го­ле­ми лу­ѓе од нај­го­ле­ми­те ѕвез­ди. Но, по се­дум го­ди­ни дип­ло­мат­ски од­го­во­ри, вре­ме е за го­ле­ма­та ви­сти­на. Нај­те­шко е со акте­ри. Нај­лес­но… со си­те оста­на­ти – се смее Цве­тков­ска.

За Бун­те­ска нај­лес­но се со­ра­бо­ту­ва со со­го­вор­ник кој има што да ка­же и ко­му мис­ла­та му те­че во ви­стин­ски пра­вец, но ја па­ку­ва во кон­циз­на фор­ма.

beksejdz-7

За До­дев­ска, пак, сѐ за­ви­си од чо­ве­кот. За­тоа и по­себ­но е гор­да на при­ло­гот и при­каз­на­та за улич­ни­от про­да­вач чич­ко Пре­драг, кој оста­нал на ули­ца, а де­нес е про­да­вач на „Ли­це в ли­ца“.

На­ви­сти­на емо­тив­на и тро­га­тел­на жи­вот­на при­каз­на ко­ја до­а­ѓа од асфал­тот на на­ше­то се­којд­не­вие. Би од­во­и­ла и ед­но ин­терв­ју на­пра­ве­но во до­мот на на­ша­та ма­ке­дон­ска актер­ка Стој­на Ко­стов­ска, за ко­ја би иско­ри­сти­ла мно­гу епи­те­ти – ве­ли До­дев­ска.

За Пе­тров­ска ин­терв­ју­то со Ро­бер­то Ка­ва­ли е ин­терв­ју кое ѝ оста­ви­ло нај­си­лен впе­ча­ток.

Ве­ро­јат­но за­тоа што е, не­ли, Ро­бер­то Ка­ва­ли – се смее таа, до­да­вај­ќи де­ка по со­др­жи­на, при­стап и при­каз­на мо­ра да го изд­вои и ин­терв­ју­то со Ѓор­ѓе Ба­ла­ше­виќ во не­го­ви­от дом.

Тој е чо­век што ре­тко се отво­ра пред ме­ди­у­ми, но ко­га ќе го на­пра­ви тоа, е бес­це­не­то – ве­ли таа.

За Цве­тков­ска најв­пе­чат­ли­во искус­тво е Фи­фти Сент.

Тој на прв пог­лед е стра­шен и аро­ган­тен, а на прв му­а­бет мно­гу нор­ма­лен. Ка­трин Де­нев за­тоа што е ви­стин­ска филм­ска ди­ва и ни­што не ја ва­ди од ка­ла­пот – ве­ли таа.

Бун­те­ска, пак, ве­ли де­ка лу­ѓе има не­кол­ку, но за најв­пе­чат­ли­во искус­тво ќе спом­не ед­ни жи­вот­ни.

Ле­му­ри­те од зо­о­ло­шка. Не­о­дам­на сни­мав при­лог во нив­ни­от дом. Бе­ше ха­о­тич­но, ама и по­себ­но не­за­бо­рав­но – ве­ли таа.

На ма­ке­дон­ски­те по­пу­лар­ни лич­но­сти, пак, Бун­тев­ска би им пре­по­ра­ча­ла ка­ко„оние од по­го­ре“ – чо­веч­ни, кул­тур­ни и искре­ни пред се­бе и дру­ги­те.

До­дев­ска сме­та де­ка за­ем­на­та со­ра­бо­тка е важ­на за до­бар ре­зул­тат, но тоа не­ка­ко мал­ку по­те­шко оди кај нас.

До­се­гаш­но­то искус­тво по­ка­жу­ва де­ка пуб­ли­ка­та по­ве­ќе ја ин­те­ре­си­ра при­ват­но­ста откол­ку про­фе­си­о­нал­на­та ка­ри­е­ра. Ток­му ту­ка до­а­ѓа­ме до не­ко­ја ба­ри­е­ра би­деј­ќи јав­ни­те лич­но­сти не са­ка­ат да со­ра­бо­ту­ва­ат со из­го­вор де­ка тоа се­га не е ин­те­рес­но и важ­но. Са­мо би пре­по­ра­ча­ла да има­ат мал­ку по­ве­ќе ши­ро­ки ви­ди­ци, да оста­ват по­не­ко­гаш но­ви­на­ри­те са­ми да искри­ти­ку­ва­ат или да по­фа­лат без при­тоа да се лу­тат за тоа и „зим­ски сон“ по­ре­тко да ги фа­ќа – ве­ли таа.

За по­че­ток да го оправ­да­ат тер­ми­нот ма­ке­дон­ски по­пу­лар­ни лич­но­сти. Да по­ра­бо­тат на сво­ја­та при­сут­ност на сце­на­та, од­но­сот со ме­ди­у­ми­те и на це­ло­куп­ни­от мар­ке­тинг око­лу нив­ни­от лик и де­ло. И да не за­бо­ра­ват де­ка кол­ку и да сме мал па­зар и зем­ја, тоа што се јав­ни лич­но­сти им да­ва одре­де­на од­го­вор­ност. Тре­ба да раз­мис­лат ка­ква сли­ка оста­ва­ат во јав­но­ста. Не­кој, се­пак, ги гле­да ка­ко при­мер – до­да­ва Пе­тров­ска.

Пишува: Марина Костовска

Фото: Ѓорги Личовски

(Текст објавен во 149. број на неделникот „Република“, 10.07.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top