Случајот на Хулио Реј кој не го направи очекуваниот трансфер во Депортиво Ла Коруња, покажува дека и социјалните мрежи и објавите на нив станаа фактор во преодениот рок.
Приказната со Реј е уникатна, а тој не потпиша за шпанскиот прволигаш поради објава на Твитер пред 3 години, со која го навреди неговиот несуден нов клуб.
Реј напиша на Твитер „Зае.и го Депор, зае.и го Риазор“ и поради тој гест си го избриша веќе потпишаниот договор со Депортиво Ла Коруња. Челниците на овој клуб под притисок на навивачите го поништија договорот, откако го најдоа постот на Твитер на Реј од 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.