| четврток, 6 декември 2018 |

Минатиот месец најтопол јуни од 1880 година

Минатиот месец бил најтопол јуни на земјината топка, откако почнала да се мери температурата во светски рамки во 1880 година, соопшти денеска aмериканската Национална океанска и атмосферска агенција (НОАА).

20072015201109_hitportal-toplo

Досегашниот рекодно топол јуни бил измерен минатата година.
Во исто време, првите шест месеци од оваа година биле најтоплото прво полугодие на Планетата од почетокот на мерењето на температурата.
Според статистичките податоци, 2014 била најтопла година од 1880-та, а рекорните температура измерени во текот на годинава се доказ дека глобалното затоплување продолжува, се наведува во соопштението на Агенцијата.

Просечната температура на копното и на океаните во текот на минатиот месец била за 0,88 степени Целзиусови повисока од просекот за јуни во 20-от век.
Од друга страна, дебелината на мразот на Арктикот минатиот месец била на трето најниско ниво, од 1979 година, кога почнало сателитското снимање на ледната капа околу Северниот пол.
Во извештајот на НОАА се наведува и дека концентрацијата на штетни гасови во земјината атмосфера, кои се сметаат за главен причинител за глобалното затоплување, во текот на 2014 година достигнала историски рекорд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top