Советот на Европската унија, доцна синоќа лиферуваше соопштение по завршувањето на 12-тиот состанок од Советот за стабилизација и асоцијација со Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел. Во истото, се нотира дека Договорот од 15-ти април што стави крај на политичката криза во Македонија е клучот за забрзување на евро-атлантските интеграции на земјата и дека Советот смета дека македонската држава е подготвена за влез во втората фаза од Договорот за стабилизација и асоцијација со Унијата.
Во соопштението се наведува дека Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ (Советот на Унијата) ја одржа својата дванаесетта седница и оти на состанокот претседаваше Никола Попоски, министер за надворешни работи на Република Македонија, а од страна на Европската унија копретседаваше Мирослав Лајчак, вицепремиер и министер за надворешни и европски работи на Словачка, во име на Високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, како претставник на Европската комисија и македонскиот вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, исто така, учествуваа на Советот.
– Советот за стабилизација и асоцијација се осврнаа на повикот за земјата да започне со пристапните преговори, земајќи ги предвид препораките на Комисијата за таа цел. Тоа е исто така нотирано и во заклучоците на Советот од 16 декември 2014 година, 21 април 2015 година и 23 јуни 2015 година, се наведува на почетокот на соопштението на ЕУ.
Притоа, се додава дека Советот за СА ги разгледал клучните случувања во текот на изминатиот период во врска со исполнувањето на политичките критериуми и дискутирал за пролонгираната политичка криза во земјата, како и на „сериозното и системско владеењето на правото, а во врска со следењето на комуникациите”. Советот, исто така го поздрави договорот постигнат од страна на четирите лидери на главните политичките партии на 15 јули, со олеснување на ЕУ, а за да се стави крај на политичката криза и ги повика истиот да биде брзо имплементиран во добра волја, вклучувајќи приоритети на итна реформа на системското владеењето на правото на кое сите страни се посветиле.
– Советот за СА ја забележа подготовката од страна на Владата на нацрт-акцискиот план за исполнување на приоритетите за итна реформа во областа на владеењето на правото и судството, јавната администрација, медиумите, изборните реформи, меѓуетничките односи и економското управување, како и спроведување на препораките на Анкетната комисија за настаните од 24 декември 2012 година, како и некои акции што се веќе започнати од страна на Владата особено во однос на владините кампањи за јавно информирање, законот за лустрација и јавната администрација, вели Советот на ЕУ.
Во соопштението се посочува дека средбата од Пристапниот дијалог на високо ниво во септември, што ќе ја вклучи и опозицијата и граѓанското општество, ќе ги разгледа постигнатите резултати. Советот за СА исто така, го истакна повикот на ЕУ за целосна и независна истрага на сите наводи, вклучувајќи ги и оние на потенцијалните престапи објавени во прислушувањето, со целосна почит кон самиот процес, принципот на независноста на обвинителството и судството и пресумпцијата на невиност.
– Советот за СА потсети дека остануваат од суштинско значење за регионалната соработка и добрососедските односи. Советот го поздрави континуираното активно учество на земјата во регионалната соработка, како и нејзиното претседателство со Централноевропската иницијатива. Советот за СА исто така, истакна дека земјата се соочува со миграциски притисок, исто и регионот, а покрај напорите што се направени до сега се планира конференција на високо ниво што ќе се одржи во текот на следните месеци, како што е наведено во заклучоците на Европскиот совет од јуни 2015 година, се вели во соопштението.
Во однос на економскиот развој на Македонија, Советот за СА наведува дека економијата на земјата е прикажана со пловен раст минатата година, како и дека вкупната макро-финансиска стабилност е задржана и инфлаторната средина останала бенигна. Советот, исто така ја поздрави Програмата за економски реформи што го опфаќа периодот 2015-2017 и ја охрабри Владата на Република Македонија да ги спроведе акциите врз основа на специфичните препораки на за секоја земја од економскиот и финансиски дијалог одржан во мај 2015 година и ја охрабри тековната работа на менаџирањето со јавните финансии.
Советот го поздрави и напредокот на програмирање на идните напори за надминување на недостатоците во апсорпција на фондовите на ЕУ и подобрениот капацитетот на институциите инволвирани во нивната имплементација.
– Советот за СА, исто така, го истакна добриот напредок постигнат во различни области опфатени со Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Тој го поздрави високиот степен на трговска интеграција и пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзит на ЕУ. Советот за СА го повторува предлогот на Европската комисија од октомври 2009 година за преминување во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Македонија, но потврди дека одлуката за предлогот останува на Советот на ЕУ – се наведува на крајот од соопштението на официјален Брисел за 12-тиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Европската унија и Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.