Руската тенисерка Марија Шарапова го послуша советот на својот пријател и колега Новак Ѓоковиќ и ја одбра Црна Гора за местото каде ќе го помине летниот одмот. Ѓоковиќ во петокот ја напушти Црна Гора, а Шарапова го поминува времето со една пријателка, а наскоро ќе им се придружи нејзиното момче, бугарски тенисер Григор Димитров, пишуваат тамошните медиуми.
Шарапова воодушевена од балканската земја постојано споделува фотографии од убавините на Црна Гора, а папараците не ја испуштија можноста да ја уловат во бикини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.