| четврток, 6 декември 2018 |

Се продава „Фајненшл тајмс“?

Британската издавачка куќа „Пирсон“ ја разгледува продажбата на познатиот дневен весник „Фајненшл тајмс“, откако неколкумина купувачи изразиле заинтересираност за преземање, објави „Блумберг“.

Вредноста на „Фајненшл тајмс“ се проценува на половина милијарда фунти или 1,6 милијарди долари. Иако продажбата сеуште не е почната, според „Блумберг“ продажбата на „Фајненшл тајмс“ би можела да привлече внимание на медиумските компании, како што е германскиот „Аксел Спрингер СЕ“, како и инверститори од Европа, Азија и од Блискиот Исток.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top