| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени уште два тома од оставината на македонски дисидент Драган Богдановски

Уште два тома од оставината на најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски, се објавени деновиве во издание на „Македоника литера“ од Скопје и на Државниот архив на Република Македонија. Станува збор за том 4, кој го содржи вториот од двата дела на историско­документарниот роман на Драган Богдановски „Македонска трагедија“ и том 5, со наслов „Македонска судбина“, кој исто така содржи еден обемен историски роман.

dragann bogdanovski

Кон крајот на минатата година беа објавени три тома: „Погледи кон историјата на Македонија“ (т. 1), „Осврти за македонската историја и политичката емиграција“ (т. 2) и „Македонска трагедија – прв дел“ (т. 3). Наскоро ќе биде објавен шестиот том, кој содржи избор на документи од неговото обемно политичко и полициско досие.

Сите шест тома се објавуваат под заеднички наслов „Мојата борба за Македонија“, а редактори на едицијата се д­р Марјан Иваноски и д­р Зоран Тодоровски.

Едицијата со оставината на Драган Богдановски се објавува со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top