| четврток, 6 декември 2018 |

Летна храна што ќе ви помогне да ослабнете

lubenica

Повеќето луѓе држат диета и активно се занимаваат со фитнес пред почетокот на летото за да бидат во форма уште пред температурите да се покачат. Но, ако не сте успеале навреме да влезете во топ форма, не се разочарувајте. Се уште имате време за диета и слабеење со помош на летната храна. Експертите тврдат дека луѓето кои се на диета во лето постигнуваат поголем успех.

Една од причините за тоа е што сончевата светлина го зголемува нивото на серотонин, хормонот на среќата. Зголеменото ниво на серотонин ја намалува до одреден степен желбата за јадење, особено желбата за консумирање на мрсна или слатка калорична храна.

cveklo

Друга предност што ја носи летото е можноста да се помине подолго време на отворено. Зголемената физичка активност, било тоа да се обични прошетки низ град или пак спортување во парк, води до поголем број на согорени калории и слабеење.

slivi

Лубеницата е корисна и за вашето здравје и за подобрување на вашата линија. Најдоброто од сè е што во лето има толку многу вкусна храна којашто не содржи многу калории. Има изобилство од нискокалорични овошни плодови и зеленчуци, кои ако ги консумирате во големи количини нe само што ќе го подобрат вашиот изглед, туку и ќе го подобрат вашето здравје. Еве некои од нив:

  • ЛубеницаЛубеницата е одлично овошје за да ја згаснете жедта во летните горештини, а воедно и да ја задоволите желбата за слатко. И сето тоа без да го зголемите обемот на вашиот струк. Ако се чувствувате гладни и/или жедни, нема да погрешите ако ја задоволите желбата за храна со лубеница.

    Но, лубеницата не е само вода. Таа е корисна храна којашто содржи витамин А,витамин Ц и витамин Б6.

    150g лубеница = 45kcal

  • ЦвеклоЦвеклото ги намалува килограмите на различни начини. Тоа помага да се ослободите од вишокот вода што се задржува во телото, ја спречува појавата на запек, а содржи и растителни влакна кои играат важна улога во борбата против масните наслаги.

    Консумацијата на цвекло ќе ви помогне да се справите и со заморот и со депресијата.

    Еден од најважните витамини за жените, фолната киселина, е присутна во цвеклото. Освен тоа, цвеклото е богат извор на магнезиум, железо, витамин Ц и калиум, па го подобрува имунитетот, заштитува од повеќе видови рак (особено рак на дебело црево) и срцеви болести.

    85g цвекло = 37kcal

  • Црни сливиБез разлика дали ќе ги консумирате свежи или сушени, црните сливи се одлични за одржување на вашата линија, затоа што се нискокалорични, а освен тоа се богати со растителни влакна и витамин Ц.

    Сушените сливи се идеална ужина. Помагаат да го задоволите својот апетит, без притоа да консумирате многу калории.

    66g црни сливи = 30kcal

  • БоровинкиБоровинките се супер-храна која се бори против многу болести, поради тоа што содржи многу антиоксиданси кои ги уништуваат слободните радикали во телото. Тие ја подобруваат циркулацијата, а истовремено ги намалуваат масните наслаги на телото, особено во областа на стомакот.

    Ова овошје е одличен извор на витамин Ц, магнезиум, витамин Е и растителни влакна.

    70g боровинки = 40kcal

  • ПиперкиЗа нашето поднебје сигурно може да се каже дека се ретки оние кои не консумираат пиперки. За жал, многу почесто пиперките се консумираат обработени, во вид на лутеница, ајвар и сл., а не свежи. Свежите пиперки се богати со витамини, а исто така помагаат за слабеење.

    Сите видови пиперки се богат извор на витамин А, витамин Ц и витамин К. Ако треба да избирате, изберете црвени пиперки, затоа што тие се најздрави. И лутите и благите пиперки содржат супстанција која го зголемува согорувањето на калории.

    1 луто пиперче = 18kcal, 150g благи црвени пиперки = 46kcal

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top