| четврток, 6 декември 2018 |

Како до повозбудлив секс?

секс

Не го задржувајте здивот среде оргазам. Дишете длабоко – вдишете низ нос, почувствувајте како стомакот ви се полни со воздух, а потоа полека издишувајте преку уста. Оргазмот ќе биде поинтензивен.

Згответе вечера. Одредени намирници можат да ви помогнат да доживеете посилен оргазам, бидејќи ја поттикнуваат циркулацијата. Затоа, кога готвите само за него, изберете некои од овие намирници: зелен листен зеленчук, семки од лен или од тиква, јаткасто овошје и цитруси, риба и морски плодови, темно чоколадо, лути зачини…

 Заведете го без ниеден допир. Предиграта може да почне уште пред да се соблечете. На пример, кога сте во поголемо друштво, наведнете се над него и шепнете му што ви е на ум. Или за време на работно време испратете му провокативна СМС. Можностите се бесконечни!

За подобар секс потребна е вежба. Колку се посилни карличните мускули, толку се посилни и контракциите, па и оргазмот ќе биде поинтензивен. Оваа вежба стручњаците ја нарекуваат – гаранција за оргазам: легнете на грб и свиткајте ги колената, стегнете ги мускулите на задникот, стомакот и на карлицата. Кревајте ги и спуштајте ги колковите без да го допирате подот со задникот. Направете 15 повторувања.

Дали сте слушнале за секс-пирамида? Идејата е слична на пирамидата на правилна исхрана и наменета е за оживување на сексуалната рутина. Седумте нивоа на пирамидата ги сочинуваат седум типови секс: интимен, авантуристички, страстен, брз, секс за смирување, доминантен и соло-секс. Ваше е да изберете кој тип ќе се најде на дното, а кој на врвот на пирамидата. Важно е на вашето „мени“ да има сè.

Преземете иницијатива со малку стриптиз. Мажите обожаваат да набљудуваат жени што со голема самодоверба ги покажуваат своите телесни квалитети. Немојте да сте нервозни поради премиерното изведување на еротската програма – смејте се и уживајте во она што го правите. Нему ќе му биде возбудливо апсолутно сè!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top