| четврток, 6 декември 2018 |

Ману Чао во Дојран, испрати поздрав на македонски јазик (видео од настапот)

ману

Ману Чао својот бенд вечерва го затвора овогодинешниот Д Фестивал. Тој со својот бенд вечерва собра над 10.000 луѓе во Дојран. Ја изненади публиката откако ја поздрави Македонија на македонски јазик.

Без зборови… Фала Ману! Фала луѓе!

Posted by Д Фестивал – Дојран on Sunday, 19 July 2015

Ману Чао е француски пејач со шпанско потекло. Пее на француски, шпански, англиски, галициски, арапски и португалски а понекогаш и на други јазици. Чао ја започна својата музичка кариера во Париз свирејќи на улица и настапувајќи со групите Hot Pants и Los Carayos, кои комбинираа повеќе јазици и музички стилови. Во 1987 со пријателите и неговиот брат Антоан Чао го формираат бендот Mano Negra, со кој постигнува голем успех, особено во Европа. Со распаѓањето на бендот во 1995 тој станува соло изведувач, и од тогаш редовно настапува на турнеи со неговиот бенд во живо, Radio Bemba.

ману1 ману2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top