| четврток, 6 декември 2018 |

Прв трофеј за Франција во Светската лига во одбојка

franceОдбојкарската репрезентација на Франција првпат во својата историја ја освои титулата во Светската лига, откако денеска во финалето ја совлада Србија со убедливи 3-0.

Иако се очекуваше неизвесен и долг меч, гледачите во Рио имаа можност по само 88 минути да го поздрават новиот шампион.

Резултатот по сетови: 25:19; 25:21 и 25:23.

Во дуелот за третото место, во предигра на големото финале, САД ја победија Полска исто така со 3-0, по сетови 25:22; 25:23 и 25:23.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top