| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ повторно ќе се обидуваат да креираат некакви помали или поголеми тензии

сдсм8

– Што се однесува до СДСМ, тие веројатно повторно ќе се обидуваат да креираат некакви помали тензии или поголеми тензии, бидејќи друго и не знаат нешто посебно да работат, тоа е стилот на нивното работење. Тие секогаш се обидувале преку создавање на некаква криза да дојдат на власт. Така што ние не треба да бидеме изненадени ако и понатаму, можеби не од ваков голем калибар, но некој помал калибар, се обидуваат да го дефокусираат нашето внимание, да се оттргнеме од секојдневните проекти, да ја намлиме динамиката на тие проекти, но ние сето тоа внимателно ќе го следиме, ќе го менаџираме, и нема да дозволиме да така лесно не’ оттргнат од зацртаниот пат на решавање на проблемите на граѓаните, пред се’ решавање на економските проблеми и отворање на нови работни места, работење да се зголеми стандардот, пензиите, платите, сибвенциите на земјоделците, стабилноста на државата, привлекување на инвеститори – изјави премиерот Никола Груевски во интервју за „Нетпрес“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top