| четврток, 6 декември 2018 |

Нема да има рекламни билборди на плоштадите Македонија, Филип Втори и ВМРО

На дел од скопските плоштади ќе биде забрането да се поставуваат билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели, пишува „Фактор“.

Plostad nova fontana ok (Custom)

Според Предлог одлуката на Градот Скопје, забраната ќе важи за плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“ и „ВМРО“. Во образложението на Градот се посочува дека одлуката се носи за да не се оштетат површните на кои се лоцирани овие три плоштади.

Градските власти информираат дека овие три плоштади се се уште во фаза на реконструкција и уредување на јавните површини. Според образложението од Градот, досегашните билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели на овие плоштади ќе бидат дислоцирани на други локации во истата зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top