Новооткриена бактерија е причина за многу инфекции во Канада, Јапонија, Велика Британија, Шведска и Франција.
Според резултатите во истражувањата објавени во едно специјализирано списание бактеријата од групата стрептокока вообичаено не предизвикува толку опасни здравствени тегоби како болки во грлото и благи кожни инфекции. Овие здравствени проблеми успешно се лечат со антибиотици.
Сепак, во потешки случаи бактеријата може да влезе подлабоко во организмот предизвикувајќи инфекции на крвта, воспаление на белите дробови, но и заболување кое се карактеризира со разложување на човечкото ткиво. Ова заболување не го преживува 25 отсто од заболените лица.
Научните од Лондон неодамна открија нов поттип на бактерија од групата стрептокока која предизвикува разложување на ткивото на човекот. Бактеријата е наречена „емм89“ е причина за порастот на инфекциите во последно време. Оваа бактерија произбведува повеќе токсини и нема надворешна капсула поради која се шири побрзо од другите видови бактерии.
Оваа бактерија уште може да се лечи со пеницилин и други антибиотици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст