Триесет и петгодишниот С.Т. од село Дебреште, вработен во „ХАВИ ГРАДБА ДООЕЛ“ доби кривична пријава поради сомнение дека сторил „Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, потоа против Т.З.(43) од Прилеп поради посоење основи на сомнение за сторено кривично дело “Фалсификување исправа” и против “ХАБИ ГРАДБА” ДООЕЛ –правно лице.
Имено првопријавениот како овластен потписник на фирмата во врска со учество на тендер при комплетирање на документација поради неплатени давачки спрема државата,на негово барање од страна на УЈП Прилеп добил заклучок за запирање на постапката на издавање уверение за платени даноци и придонеси коешто не можел да го искористи во тендерската постапка.
За таа цел од страна на второпријавениот е изготвено фиктивно уверение за платени даноци и придонеси кое иако првопријавениот знаел дека е фиктивно го употребил во доставата на понудата за учество на тендерот, после кое фирмата склучила договор за јавни набавки изведување на градежни работи за кое во наредниот период се стекнала со противправна имотна корист од 14.089.189 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата распиша тендер за цвеќиња тежок 670 илјади евра
-
Уште еден тендер во рацете на фирмата донатор на СДСМ
-
Камиловски: Власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма за скандалот од 35 милиони евра
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила


