Концертот на американската поп група Марун 5 што требаше да се одржи кон крајот на летото во Кина е откажан, а фановите сметаат дека одлуката е поврзана со неодамнешната средба на еден од членовите со Далај Лама.
Клавијатуристот и гитарист на бендот Џеси Кармајкл неодамна на Твитер објави дека се сретнал со тибетанскиот лидер по повод неговиот 80. роденден.
Марун 5 требаше на 12 септември да одржи концерт во Шангај. Веста за настапот е повлечена и од интернет-страницата на групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.