| четврток, 6 декември 2018 |

Воената хунта на Тајланд го зголемува списокот на личности на кои им се забранува политичка активност

Thai soldiers stand guard during a coup at the Army Club where Thailand's army chief held a meeting with all rival factions in central Bangkok
Воената хунта во Тајланд, која изврши државен удар во мај минатата година драстично ќе го прошири списокот на лицата на кои им се забранува политичка активност во следните пет години. Тоа значи дека покрај поранешната премиерка и нејзиниот брат Таксин Шинаватра и голем број министри од претходните влади, на изборите кои воената хунта ги најавува за втората половина на 2016 година, право за кандидирање не ќе имаат и неколку стотини високи државни службеници, од хуната оценети како неподобни при враќањето на демократијата во Тајланд.

За еден дел на тие што ќе добијат забрана за политички активности има оценки дека ја злоуптребувале власта, а за дел причината за забраната е тоа, што според проценките на армијата, тие несоодветно на примањата го зголемиле личниот имот. Дел од групата на списокот на лица со забрана на политичка активност се судии, кои според проценката на актуелната воена власт, биле попустливи спрема обвинетите за слоупотреба на јавните функции, или спрема учесниците во коруптивни афери.

Листата со лица на кои им се забранува политичка активност ќе почне да се објавува од понеделник. Одлуките, без право на приговор, ги носи привремениот Уставен совет, формиран по воениот удар, во чиј состав доминираат високи офицери на тајландската армија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top