Веднаш по пристигнувањето во Милано, бразилскиот напаѓач Луиз Адриано ја имаше својата промоција во „црвено-црниот“ дрес во тимот на Милан.
Тој премина во редовите на гигантот од Милано од тимот на Шахтјор и не го криеше задоволството дека може да заигра за еден од најдобрите тимови во историјата. Тој по презентацијата изјави дека крај себе да го има Златан Ибрахимовиќ, играч што е голема желба на челниците, како и на навивачите на „росонерите“.
– Имав понуди од бројни клубови, но го избрав Милан поради фантастичната традиција на овој клуб. Знам дека во последните години имаше проблеми, но се надевам дека ќе помогнам тоа да се промени. Нападот сигурно ќе биде силен, би било прекрасно да играм со Бака и со Ибрахимовиќ, тоа би било гаранција за многу голови. Бразилските фудбалери по традиција прикажувале добри игри во дресот на Милан, верувам дека истото ќе биде случај и со мене“ – изјави Луиз Адријано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.