| четврток, 6 декември 2018 |

Црвена фаза во поголем дел од Балканот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора се соочуваат со топлотен бран, а за наредните денови ќе биде објавен црвен метеоаларм, што значи дека температурата на воздухот ќе се искачи над 40 степени Целзиусови.

Хидрометеоролозите предупредуваат од опасноста на избивање на пожари поради високите температури.

Црвениот метоеаларм предупредува и дека високите температури можат да бидат опасни и по животот на луѓето и се препорачува да не се работи на отворено во најтоплиот дел од денот.

Во Црна Гора денеска е прогласен портокалов метеоаларм, а за утре се предвидува црвен.

Утре и во делови на Хрватска – Истра, Кванер и Далмација ќе биде објавен црвен метеоаларм. Во текот на вечерта се очекува дожд и грмежи, но и покрај тоа температурите ќе останат високи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top