Единствениот македонски тим што остана во битка за пласман во Европа Лигата на УЕФА, Работнички, ќе игра со победникот од дуелот меѓу турски Трабзонспор и Диферданж од Луксембург во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа, доколку претходно ја мине летонската Јелгава.
Романтичарите најпрво во четврток ќе мораат да ја анулираат негативата од 0-1 против Јелгава за да мислат на следниот противник. Со идентичен резултат од 1-0 Трабзонспор на домашен терен го победи претставникот на Луксембург, Диферданж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.