| четврток, 6 декември 2018 |

ТВ „Алфа“ со најголема заработувачка од изборите – 200 илјади евра

Според „Транспарентност Интернешнел Македонија“, од локалните избори најмногу заработила телевизијата „Алфа“  – 11.807.328 денари.

Најмногу пари во рекламната кампања во оваа телевизија дале ВМРО-ДПМНЕ, 10. 483.755 денари, но затоа, пак, телевизијата им отстапила 17 часа и 59 минути простор за снимките од нивните митинзи.

Опозициската СДСМ во оваа телевизија за рекламната капања дала 994.148 денари, се вели во извештајот на „Транспарентност“, чиј надзор на медиумското рекламирање на политичките партии се темели на анализите спроведени од агенцијата „Нилсен“ Скопје.

На второ место по заработени средства од изборите е телевизијата „Алсат-М“ со 9. 617.616 денари.

ДУИ во оваа телевизија за изборите вложила 7.034.616 денари, а СДСМ – 2.583.000. За рекламен простор за нивните партиски митинзи телевизијата одвоила два часа и 20 минути.

Веднаш по овие телевизии со најмногу заработени средства од локалните избори се „Канал 5“ и „Сител“, додека МРТВ, спред законот, е задолжена да емитува платена политичка програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top