| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од Заев по повод празникот Рамазан Бајрам

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска испрати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го празнуваат големиот празник Рамазан Бајрам.

– По светиот месец на пости и молитви, празничните денови нека продолжат во спокој, со мир во душата, љубов и внимание, трпение и разбирање, почитување и толеранција, со споделување на овие духовни вредности меѓу најблиските и со сограѓаните во Република Македонија, стои во честитката.

Посветувајки се на овие базични темели на човековата личност и заедничкиот живот, како што се наведува, покажавме дека можеме да бидеме единствени, посилни, поподготвени за надминување на предизвиците кон обезбедување среќен и достоинствен живот за сите граѓани во општеството во кое што живееме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top