ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.
– Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето општество, стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ.
На сите верници од муслиманска вероисповест, ВМРО-ДПМНЕ им посакува празникот Рамазан Бајрам да го поминат во спокојна и радосна атмосфера со своите ближни, во моменти на благосостојба, затоа што, како што се наведува, личната благосостојба и успех се основата на просперитетот на една држава како целина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво