Агенцијата за електронски комуникации се очекува да распише нов тендер за 4Г мобилна мрежа по изборите, најави вчера министерот за информатичко општество, Иво Ивновски.
Ова ќе биде трет пат да се распише тендер за најновата генерација мобилна мрежа, која овозможува најбрз проток на податоци и интернет преку мобилен телефон.
Добивањето лиценца за 4Г на вториот тендер, кој беше распишан во октомври лани, беше предвидено да чини 15 милиони евра, а наскоро се очекува да биде објавено дали ќе бидат променети условите на наредниот тендер.
Според едно истражување на глобално ниво, покажува дека протокот на информации преку 4Г до 2017 година ќе се зголеми за 40 проценти. Ако сегашното ниво е на околу 27,7 проценти, до 2017 година ќе се зголеми на 67 проценти.
Ова е како резултат на зголемување на искористеноста на паметните телефони и новите технологии во развој на ИТ инфраструктура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата распиша тендер за цвеќиња тежок 670 илјади евра
-
Уште еден тендер во рацете на фирмата донатор на СДСМ
-
Камиловски: Власта и министерот за здравство итно да го раскинат договорот со човек фирма за скандалот од 35 милиони евра
-
Фирмата „Деклус-ауто“-донатор на СДСМ повторно доби тендер за возила