Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед.
– Мирот во душата, благосостојбата во семејството и ширењето на позитивните мисли за доброто на сите треба да бидат основата на нашето живеење. Нека овој голем празник ја потврди желбата за мир и меѓусебно разбирање како императив кој што сите граѓани на Република Македонија го негуваат со години, со децении, порача министерот Јолевски во честитката.
Армијата на Република Македонија, како столб на државноста, е дом на граѓаните на нашата татковина, без оглед на нивната етничка или религиозна припадност, стои во честитката од министерот.
Овој голем празник за припадниците на исламската вероисповед, истакнува тој, нека биде водилка за сите нас да ги негуваме вредностите кои отсекогаш биле дел од Македонија – толеранцијата, соживотот, мирот и еднаквоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво