| четврток, 6 декември 2018 |

Чудесна употреба на сода бикарбона

Освен за колачи, палачинки и како прва помош кога имате киселини во желудникот, сода бикарбона може да користите и за безболно отстранување на трн од прстот, по убод од инсект или кај изгореници од сонце, но и за многу други намени.

soda_galleryImage

Овој чудотворен прав најчесто се користи како делотворно средство за неутрализирање на желудочната киселина како и сите останати проблеми поврзани со неа.

Кога содата се зема орално, таа делува алкално во организмот, па некои ја користат и како тераписко средство за постигнување на алкална Ph вредност за да се избегне претерана киселост во организмот, која што наводно доведува до болести. Но, тоа не е се’. Постојат голем број други начини на кои што може да се искористи сестраното дејствие на содата.

Отстранување трн од кожата

Измешајте половина лажичка сода бикарбона со малку вода, додека не добиете густа паста. Добиената смеса нанесете ја на повреденото место, така што во целост ќе го покриете местото каде што се наоѓа трнот. Врз пастата залепете фластер и оставете да стои на кожата 24 часа. По ова, трнот би требало целосно да излезе надвор и без проблем да можете да го извадите со пинцета.

Изгореници од сонце

Една лажичка сода бикарбона измешајте со еден филџан студена вода. Потоа, земете чиста газа и натопете ја со растворот. Нанесете ја натопената газа на кожата. Веднаш ќе почувствувате олеснување и освежување.

За уморни нозе

Кога на вашите уморни нозе им е потребно посебно освежување, натопете ги во млака купка со 2-3 лажички сода бикарбона. По ова можете да направите пилинг со сода и мед.

Природен дезодоранс

Доколку сакате да ги избегнете алуминиумот и парабените од конвенционалните дезодоранси, едноставно измешајте еден прстофат сода бикарбона со вода и нанесете под пазувите. Или побарајте рецепт за природен дезодоранс кој што содржи сода, кокосово масло и етерични масла. Оваа комбинација од состојки го оневозможува развојот на бактериите и штити од неугодни мириси.

По убод од комарец

Неподносливото чешање можете да го ублажите со паста од сода бикарбона и малку вода или само ставете сода на местото каде што сте каснати. Во пастата можете да додадете и капка етерично масло од лаванда.

Природен пилинг

Измешајте лажичка сода со лажичка мед и со лесни кружни движење истриете го лицето и телото, па потоа исперето со млака вода. Вашата кожа ќе биде свежа, глатка и затегната.

Длабинско миење на косата

Ако често користите производи за обликување на косата, понекогаш шампонот не е доволен за косата темелно да се измие. Едноставно, на рацете ставете сода бикарбона пред да го втриете шампонот и вашата коса ќе биде целосно чиста.

Купка за детоксикација

За опуштање на болните мускули и сјајната детоксикација, додадете во вашата купка филџан сода бикарбона и филџан еколошки јаболков оцет. Ако кожата на вашето тело е мошне сува, додадете малку базно масло по избор, со неколку капки од вашето омилено етерично масло.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top