Милијардерот Доналд Трамп кој учествува во претседателската кампања во Републиканската партија за кандидат за претседател на САД, изјавил дека би излегол со својата ќерка Иванка на љубовен состанок, ако не и бил татко.
Иванка никогаш не би позирала за списание како што е „Плејбој“, иако има супер тело. Да не ми е ќерка, сигурно би ја поканил на љубовен состанок, рекол 69-годишниот Трамп.
Американскиот милијардер со оваа изјава ја шокираше светската јавност, а луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека им се гади од Трамп и дека таков човек не би требало да биде ничиј претседател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.