Веста за банкротот на познатиот рапер Фифти Цент очигледно силно го „погодила“ Хрватот Јадранко Ходак, па решил да му посвети статус на Фејсбук.
Јадранко на духовит начин објаснува колку оваа вест е неважна за луѓето од овие простори.
Мил мој пријателе, 50 Cент… Читам денес, пишуваат дека си банкротирал. Тоа многу ме вознемири. Беше и во дневникот, веднаш по прилогот за БиХ. Не знам што да речам…еве солза по солза ми се тркалаат, а јас ги бришам со јазикот, не давам да капнат од образите. И се јавив на мајка ми во Лика, да и кажам за тебе. Веднаш по гласот ме позна дека не нешто не е во ред…ме праша “Синко…што се случило!?“…јас и кажав да седне… а тогаш..кажав…„Мајко Фифти Сент банкротираше“. Тишината беше мачна. Траеше неколку секунди, а за мене беше како цела вечност…а тогаш ја слушнав мајка ми како липе и ме прашува „Синко, кажи ми дека лажеш?!?!…кажав, Не лажам мајко, вистина е!…2 часа заедно плачевме. Мајка ми вика: Се сеќавам како денес да беше како го носи златниот синџир од 9 килограми околу вратот!.. а јас ја гризам перницата, плачам, врескам, само мајка ми да не ме чуе и ја слушам како низ солзи зборува: Како сега да го гледам, капчето накосено, шорцевите на пола задник, некоја поткошула на него ….лелееееееее!!!!…па повторно солзи. Ноќеска нема да можам око да затворам, не сакам…не сакам и не можам. Мајка ми и јас се договоривме, таа ќе ти ја проследи целата следна пензија, а јас се одрекнува од месечните примања од биро. Тоа се заедно ќе биде околу 300 евра. Знам дека тоа не ти е доволно ниту да вградиш златен заб, двојка горе десно, но е од нас…од срце! Одам сега…немам повеќе сила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.