Во следните две години Хрватска ќе прифати до 550 бегалци од држави надвор од Европската унија, и со тоа заедно со останати членки на Унијата ќе им помогне на Грција и на Италија кои имаат засилен притисок од азиланти. Тоа го одлучи хрватската влада на седница одржана денеска.
Владата донесе одлука и за преместување и преселување државјани од трети држави кои исполнуваат услови за одобрување меѓународна заштита.
– Тоа е одговор на бројните хуманитарни катастрофи кои во последно време се случуваат во Медитеранот и засилениот притисок на системот на ЕУ за азил, пред сѐ во Италија и во Грција во кои доаѓаат голем број баратели на меѓународна заштита како и голем број раселени лица од Сирија – изјави Ранко Остоиќ, минстер за внатрешни работи.
Владината одлука е имплементација на заклучоци на ЕС за давање помош на 60.000 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.