| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја нареди подготовка за напад на САД

 Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун утрово ѝ нареди на војската да се подготви за евентуален ракетен напад на САД и на базите во Пафицикот.

Наредбата била издадена по состанокот на лидерот со неговиоте генерали, одржан ноќеска по итна постапка.

Заканите следуваат како одговор на воените вежби на американските бомбардери над Корејскиот Полуостров.

– Подготовките на Пјонгјанг за евентуален напад на американски цели е одоговор на прелетувањето на бомбардерите Б-52 кои можат да носат нуклеарно оружје. Во случај на „дрска“ провокација на Американците, севернокорејските сили ќе мора безмилосно да удрат на американскиот континент, на американските бази на Пацификот, вклучувајќи ги и Хаваите и Гуам, како и оние во Јужна Кореја – рекол Јонг Ун.

Поголемиот број стручњаци сметаат дека Севрна Кореја нема технологија со која може да стрела на толку оддалечени цели. Според нив, целта на Пјонгјанг не е да почне војна, туку да влијае врз Јужна Кореја да ја омекне политиката и да издејствува преговори и помош од САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top