| четврток, 6 декември 2018 |

Честитка од претседателот Иванов за големиот муслимански празник Рамазан-бајрам

иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот муслимански празник Рамазан-бајрам, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот на ИВЗ и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

– Одбележувањето на овој голем исламски празник не потсетува дека верата, посветеноста и молитвата даваат духовен мир, а почитувањето на блиските и споделувањето со оние кои имаат помалку се универзални вредности за кои сите се залагаме. Солидарноста и меѓусебната доверба се заеднички вредности кои секогаш не обединуваат. Искрено сум убеден дека и во иднина ќе го негуваме меѓуверското и меѓурелигиското почитување – стои во честитката од претседателот Иванов.

По повод чествувањето на светиот месец Рамазан, Иванов присуствуваше на повеќе ифтарски вечери, а овие средби, се посочува во честитката, се секогаш добра можност  да ја пратиме пораката дека соживотот и меѓусебното почитување се вековна традиција на овие простори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top