Пакистанската армија денеска над регионот Кашмир соборила индиски шпионски беспилотен авион, соопшти ДПА.Невооружениот дрон, опремен со камера за снимање, навлегол во пакистанскиот воздушен просторо во хималајскиот реон Кашмир, што е поделен меѓу двете нуклеарни сили.
Инцидентот се случил неколку час откако една жена беше убиена и четири други лица беа ранети во престрелка на пакистанската армија на самата граница.
Индија ги негира тврдењата на пакистанските военовоздухопловни сили за соборувањето на беспилотното летало, пренесе ТАСС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.