| четврток, 6 декември 2018 |

Тирана го поздрави постигнатиот договор

буса

Официјална Тирана го поздрави постигнатиот договор за излез од политичката криза во Македонија со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.

– Постигнатиот договор во Скопје меѓу лидерите на четирите главни политички партии  е добра вест. Лидерите се согласија да се надмине кризата и да продолжат кон европската интеграција – оцени шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати.

Тој упати честитки и за ангажманот на еврокомесарот Хан, на ЕУ и на САД.

Инаку, сите албански медиуми без исклучок ја пренесоа информацијата за постигнатиот договор, кого го оценуваат за историски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top