Никола Груевски нема да ја предводи Владата што ќе ги организира и спроведе изборите, што ќе се одржат на 24 април идната година. Заминувањето на Груевски од Владата ќе се случи до крајот на оваа година, а изборот на новата Влада ќе биде најдоцна до 15 јануари. СДСМ и опозицијата влегува во 5 министерства. Социјалдемократскиот сојуз ќе го предложи новиот министер за внатрешни работи. Покрај МВР, СДСМ ќе предложи и министер за труд и социјална политика. Во Министерството за финасии, Министерството за земјоделство и Министерството за информатичко општество, СДСМ ќе назначи заменици министри со право на вето. Ќе биде избран специјален јавен обвинител којшто ќе биде задолжен да спроведе истрага за содржините, доказите и аргументите од проектот Вистината за Македонија – посочи лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата ноќеска, откако бењше постигнат договор во посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.
СДСМ, на почетокот на септември ќе се врати во Парламентот.На 24 април 2016 година ќе се одржат предвремените парламентарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст