Во 2015 година планирана е реализација на првата фаза за непосредната заштита на влезната партија на тврдината која се наоѓа над градот Тетово, Тетовското Кале или уште познато како Балтепе, проект кој е поддржан во програмата за заштита на културното наследство на Министерството за култура, информираат од ресорното министерство.
Проектот го реализира надлежната установа Национален конзерваторски центар, a конзервацијата, реставрацијата, санацијата и реконструкцијата на влезната партија целосно ќе биде завршена во текот на следната година, со што градот ќе добие уште една значајна туристичка локација.
На Тетовското кале Балтепе, во изминатиот период беа преземени поголеми реставраторски зафати, додека за време на многубројните истражувања кои што беа спроведени се пронајдени многу остатоци од неолитот, античкиот и ранохристијанскиот период, од времето кога владеел раноантичкиот Македонски крал Персеј. На овој локалитет пронајдени се и многу монети, фрагменти од керамички садови, како и бројни предмети карактеристични за Османлиското време.
Тврдината Балтепе датира од античко време, а низ историјата било значајно духовно собиралиште на жителите од тетовскиот крај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст