Досегашниот заменик-капитен Серхио Рамос во новата сезона ќе ја носи капитенската лента во Реал Мадрид, откако „кралскиот клуб“ го напушти Икер Касиљас, објавија шпанските медиуми.
Според информациите од Мадрид, Реал во наредните денови ќе го промовира Рамос во нов капитен и со тоа сака да го убеди да остане на „Сантијаго Бернабеу“, по пројавувањето желба кај него да го напушти клубот.
Интерес за ангажман на Рамос покажуваат премиерлигашите од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Рамос во неколку наврати најавуваше можно заминување од Реал, а медиумите шпекулираа дека како главна причина за тоа е неисполнувањето на неговото барање да биде трет најплатен фудбалер во екипата веднаш по Кристијано Роналдо и Герет Бејл.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст