Владата продолжи со надоместување на штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Денеска на 250 земјоделци од Босилово им се исплатени 14 милиони денари отштета.
Досега пари за отштета од поплавите им се исплатени на домаќинствата и земјоделците од Могила, Новаци и Демир Хисар.
Владата донесе мерка за стопроцентно обесштетување на земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и февруари годинава. Исто така, преземени се и мерки за обнова на оштетената инфраструктура, патиштата, водоводните системи, малите брани итн
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.