| четврток, 6 декември 2018 |

Каменос: Во Европа се случи државен удар

панос

Она што се случи во Европа беше државен удар. Грчкиот премиер беше уценет да се сложи на текст сосема поинаков од оној кој беше договорен на состанокот на политичките лидери, изјави лидерот на партијата Независни Грци (АНЕЛ), Панос Каменос.

– Државниот удар продолжува во Грција. Некои сакаат Владата да падне и да доведат влада што не е избрана од грчкиот народ. Ние нема да дозволиме државен удар. Владата го има мандатот од грчкиот народ – рече Каменос по состанокот на парламентарната група на АНЕЛ.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, тој појасни дека неговара партија не се сложува со постигнатиот договор, но оти ја поддржува Владата.

АНЕЛ е помалиот владин партнер на Сириза на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top