| четврток, 6 декември 2018 |

Петгодишно девојче се удави, откако родителите ја оставиле во автомобил

Мајка и татко го паркирале својот автомобил со дански регистарски таблички на пристаништето во Хвар и влегле во туристичка агенција. Во автомобилот ги оставиле нивните две девојчиња на возраст од 5 и 7 години.

– Најверојатно родителите на ја повлекле рачната сопирачка. Воглавно, автомобилот тргнал самиот кон морето. Постарото девојче успеало да ја отвори вратата и да скокне од автомобилот, но помалото останало внатре. Видов дека постарата малку ја повреди ногата, но не беше страшно. За жал, „маздата“ падна во морето, изјавила за хрватски „24сата“ една жителка на Хвар.

Мештаните веднаш притрчале, а некои од нив скокнале од пристаништето во морето за да го извадат другото девојче од автомобилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top