Две силни експлозии одекнале во рафинерија на југот на Франција. Во пожарот во петрохемиската компанија во реонот Буш ду Рон биле опфатени два големи резервоари со хемиски супстанци.
– Тие два резервоари кои се наоѓаат на оддалеченост од 500 метри и се полни со опасни хемикалии се загрозени во овој пожар, рекол извор од местото на настанот за француските медиуми.
Пожарот го гасат 120 пожарникари кои се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија.
Инцидентот се случил околу 3 часот ноќеска. За сега нема информации за повредени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст