| четврток, 6 декември 2018 |

Најретко до олтарот – мажите Водолија и жените Бик

Married-couple-ring-exchange

Германецот Гинтер Сакс, кој е математичар, спортист, филозоф, економист, претприемач, фотограф и режисер, решил да ги обработи и систематизира информациите за хороскопските знаци на базата на емпириски податоци. Целта на Германецот била да докаже дека во астрологијата постојат природни законитости, кои не се мит и не се базираат единствено на совпаѓања.

Обработените податоци биле собрани од бироата за попис на населението во Швајцарија, бидејќи оваа европска земја собира детални информации за луѓето.

Секоја картичка го покажувала датумот и точното време на раѓање на човекот. Оваа информација била систематизирана според Хороскопските знаци.

На крајот студијата утврдила дека од астролошката литература заинтересирани се првенствено претставниците на знаците Шкорпија, Рак, Стрелец, Водолија и Риби.

Во спротивниот крај од скалата се наоѓале знаците Овен, Бик, Близнаци, Лав и Девица кои ретко посегнуваат по книги со астролошка тематика.

Собраните податоци покажале дека постојат Хороскопски комбинации, кои се со силна атракција едни за други.

Така на пример е утврдено дека Хороскопските знаци Јарец, Водолија, Овен, Девица и Стрелец често склучуваат брак со неговиот Хороскопски знак.

Голем процент од браковите биле склучени меѓу мажи Бикови и жени Вага, Шкорпија мажи и жени Риби, мажи Риби и жени Шкорпија, Стрелец мажи и жени Овен.

Знаците кои најретко стигнуваат до олтарот, се мажите Водолија и жените Бик, мажите Водолија и жените Шкорпија, мажите Лав и жените Водолија.

Силна некомпатибилност покажале и знаците Овен и Рак, Вага и Јарец, Вага и Бик, Вага и Лав, Шкорпија и Водолија, Шкорпија и Близнаци, Шкорпија и Девица, Стрелец и Риби.

Истражувањето покажало и дека претставниците на знаците Стрелец и Шкорпија пројавуваат најслаба желба за брак кај мажите, а кај жените Стрелците и Близнаците најчесто бегаат од женидба. Најмногу силна желба за задомување пројавуваат Раковите и Лавовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top