| четврток, 6 декември 2018 |

Исушете го лакот за нокти за помалку од минута

Жените обожаваат да се лакираат, но никоја не сака да чека долго време за да се исуши лакот.

Овој интересен, но делотворен трик ќе ви го исуши лакот за неполна минута.

Потребен ви е еден длабок сад, вода и мраз.

Пред да се налакирате во садот наполнете вода и ставете мраз, а потоа налакираните нокти потопете ги во садот.

Држете ги ноктите во садот со вода и мраз околу една минута.

Откако ќе ги извадите, тие ќе бидат сосема исушени!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top