| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачи на Динамо Загреб се тепаа поради Мамиќ

12740-dinamo
На северната трибина на стадионот Максимир пред почетокот на дуелот помеѓу Динамо Загреб и Хајдук се степаа две навивачки фракции на БББ, а главна причина беше контроверзниот претседател Здравко Мамиќ.

Поголема група од 1000 навивачи (оние кои го слават апсењето на Мамиќ) со бакли и столици ја нападнале помалата група (оние кои го подржуваат Мамиќ) и притоа скандирале “Платеници, надвор од Динамо”.

Хрватската полиција брзо реагирала и спречила поголеми нереди правејќи тампон зона помеѓу двете групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top