| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално пуштена за сообраќај улицата „Јордан Мијалков“

ulica

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Град Скопје денеска официјално ја пуштија за сообраќај „Јордан Мијалков“. Инвестицијата е вредна околу 45 милиони денари, а е дел од еден поголем проект кој треба да го олесни сообраќајот од општина Карпош до Кисела Вода.

ulica2

– Улицата „Јордан Мијалков“ е дел од еден поголем проект за една нова подобра комуникација помеѓу Карпош и Кисела Вода во кој влегуваат и подземната сообраќајница односно тунелот, кој ќе биде дел од јужниот булевар. Тој, заедно со булеварот „Свети Кирил и Методиј“ и оваа улица практично ќе претствуваат една целина за побрзо и поефикасно поврзување овие две општини – рече премиерот Никола Груевски.

ulica3

Додаде дека по реконструкцијата на оваа улица останува да се работи на другите делови од проектот со цел да се заврши целината. Ова, рече премиерот, е сеопфатен план за овој дел од центарот на Скопје кој ќе го направи протокот на возила многу полесен, поефикасен и побезбеден

ulica4

Градоначалникот Трајановски информира дека инвестицијата е вредна 45 милиони евра, од кои 43 за градежниот дел и два милиони за осветлување. Променета е, рече, и водоводната мрежа, атмосферската и фекалната канализација.

ulica5

– Покрај улицата дел од проектот е и правењето една сервисна улица во должина од 200 метри и широчина од 6 метри и дополнителни паркинг места. Сметаме дека на ваков начин ќе се подобри сообраќајот во овој дел од градот побрзо ќе се стасува од Карпош кон Кисела Вода, но и општина Аеродром, а ќе се намали емисија на штетни гасови – рече Трајановски.

ulica6

Додаде дека се планирани три кружни тека, еден кај зградата на „Нова Македонија, еден на раскрсницата со улицата „Павел Шатев“ и третиот кај „Кочо Рацин“.

Проширувањето на улицата е направено во должина од 750 метри по што таа доби три коловозни ленти, улично осветлување, сервисна улица и паркинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top