| четврток, 6 декември 2018 |

Во бомбашки напади на исламски радикали во Тајланд 6 загинати и 11 повредени

малезија
Во три бомбашки напади во градови блиски до границата со Малезија, во ноќта меѓу петокот и саботата биле убиени 6 а ранети 11 лица. Направена е голема материјална штета.

Полицијата за нападите ги осомничи припадниците на радикалните исламистички групи кои имат искривено верување дека со вакви акции за време на големиот рамазански пост посебно ќе бидат наградени од Алах.

Според видео снимка од надзорна камера полицијата смета дека во нападите учествувале и две лица кои се бараат поради учество во слични бомбашки акции изведени во ова подрачје во мај минатата година.

Мета на нападите биле барови и места за забава во кои се собираат жителите на јужните провинции на Тајланд од немуслиманска вероисповест. Во сличен напад, во декември 2.013 година, биле убиени триесет лица, сите припадници на будистичката религија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top