| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од еден милион лица се евакуирани во источна Кина поради тајфунот Чан хом

Кинеските власти евакуираа над еден милион лица од крајбрежните региони на кинеската провинција Зеџијанг во очекување на тајфунот Чан хом, јави ТАСС.

tajfun

 

Засега нема информации за човечки жртви. Тоа е најмоќниот тајфун, кој ја погодил оваа провинција од 1949 година, соопшти кинеската Метеоролошка служба.

Директните економски штети се оценети на 1,9 милијарди јуани (319 милиони долари). Целосно или делумно се разурнати 94 станбени згради, а над 200 илјади домаќинства останаа без струја. Откажани се над 600 летови од аеродромите Ханџоу, Нинбо, Ванџоу и Тајџоу. Во регионот се затворени повеќе патишта, а прекинати се и сите патнички маршрути по вода. Околу 30 илјади бродови кои тргнале на пат се повикани да се вратат во пристаништата. Прекинати се и фериботските линии до островот Тајван.

Во неколку региони на провинцијата од вчера до изутрината се измерени поројни дождови од над сто литри на метар квадратен, а на места и над 400 литри. Тајфунот денеска го погоди крајбрежјето на Кина и постепено ја губи силата на копно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top