| четврток, 6 декември 2018 |

Мајките од Сребреница: Ова не беше напад на Вучиќ, туку на нашето достоинство

Мајките од Сребреница жестоко го осудија нападот на премиерот на Србија Александар Вучиќ во Меморијалниот центар во Поточари.

munira-subasic-bih-01

Вучиќ, заедно со српската делегација беше нападнат на излегување од Меморијалниот центар и овој екцес го расипа одбележувањето на 20 години од геноцидот во Сребреница. Поголемиот дел од Босанците го осудуваат однесувањето на група луѓе за кои се верува дека во Поточари дошле само со една цел – да испровоцираат инцидент.

– Ова не беше напад на Вучиќ, туку на нас, на нашето достоинство! Тоа го стори една група луѓе меѓу кои јас не видов жртви. Сега, за жал, нам тоа ќе ни се препише. Многу се разочарав и се чувстувам повредена, како мене тоа да ми се случило. Не поради Вучиќ, туку поради нашето достоинство кое 20 години го чуваме – изјави Мунира Субашиќ, претседателка на здружението „Мајки од енклавата Сребреница и Жупа“.

Таа додава дека за здружението било посебно важно ова одбележување да помине во најдобар ред.

– Од 40 земји имаше претставници. Сѐ што се случува, секогаш оди на штета на жртвите – вели Субашиќ.

Сега се поставува прашањето колу целиот настан може да влијае на повратниците во Република Српска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top