| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштен во употреба нов парк во општина Аеродром (фото)

парк
Во присуство на премиерот Никола Груевски, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и голем број граѓани, градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски денеска и официјално го пушти во употреба деветиот нов парк во општината кој се наоѓа спроти „Мајчин дом“.

50000000000000Паркот, информира Коневски, е изграден на површина од околу 3.000 метри квадратни, со повеќе содржини како што се пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.

– Целокупната инвестиција чини околу 30 милиони денари, а средствата се обезбедени од страна на општина Аеродром, изјави градоначалникот Коневски.
Sequence-02.00_06_23_06
Тој најави дека интензивно ќе се градат и нови зелени површини, а во моментот, истакна, се градат околу 90 илјади метри квадратни ново парковско зеленило. Досега, подвлече градоначалникот на Општина Аеродром, се изградени повеќе од 100 илјади метри квадратни зеленило.
aero-500

Сите проекти, потенцира Коневски, кои се однесуваат во делот на зеленило, се реализираат во соработка со Владата на Република Македонија и со Градот Скопје, а целта е значително да се подобрат условите за живеење во Општина Аеродром.
park

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, во оваа прилика ја нагласи добрата соработка со општина Аеродром, а како резултат на тоа, како што рече, се реализираните бројни проекти во делот на зеленилото.
igraliste

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top